Режијата е на Златко Митрески и Македонка Илиевска, драматизација е работена по текстови на Јордан Радичков, Вилијам Голдинг и лични авторски текстови.
-„Ние,Луѓето“ се обидува да ни ја престави иднината доколку би имале шанса за чист, нов почеток. Ова е претстава за моралот, пародија, политички трактат и слатко горка визија за апокалипсата изиграна од деца, наведуваат од Театар Пи.
Претставата е финансирана со средства од Бугарската развојна помош.