Овој проект претставува продолжување на заедничките напори и придонес на
независните чинители кон одржување на вонинституционалната уметничка
сцена и соработка помеѓу Македонија и Србија.
Претставата доближува нелинеарно дејство кое прикажува повеќе сегменти од животот на младиот поет Душан, кој своеволно се пријавува во војна. Преку деконструкција на односите со луѓето околу него, постепено ја градиме сликата за деструктивноста на војната, и одразот којшто таа го има врз човекот.
Авторскиот тим потенцира дека во текот на процесот ги предводело прашањето што еден уметник може да направи со извесно трауматско искуство, но на начин што нема да ја експлоатира трагедијата, ниту пак жртвите, туку достоинствено ќе оддаде почит и спомен на нешто што како човештво не смееме да го повторуваме.

Играат: Александар Стоименовски, Васко Костовски, Нина Елзесер, Ивица Димитријевиќ. Драматургијата и адаптацијата на македонски јазик ги оствари Калија
Киселички, преводот и продукцијата ги реализира Дино Чупевски, додека пак,
зад графичкиот дизајн се потпишува илустраторката Матеја Николиќ, а
фотографијата е на Александра Костадиновска.
По премиерните изведби, во куќата на The Dude Specialty Coffee на ул. Апостол
Гусларот бр.16 во Скопје, ќе следат регуларни изведби во септември, а понатаму и гостувања во Белград.






