Во периодот 2024/2025 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 24.9 %, исто така е намален и бројот на посетителите за 30.9 отсто.
Во аматерските театри е забележано зголемување на бројот на прикажаните претстави и на бројот на посетителите.
Во периодот 2024/2025 година, бројот на посетителите на Филхармонијата е намален во однос на 2023/2024 година.
Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2024/2025 година, во споредба со 2023/2024 година, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите.






