По успешното издание Поточиња 2025 и голем број гостувања на детски манифестации во Скопје, низ Македонија и гостување на хуманитарен концерт во Германија, Поточиња 2026 треба да биде продолжение на успешната приказна која со својот квалитет ги плени срцата на најмалите љубители на музиката.

Билетите по цена од 500 денари се веќе во продажба преку мрежата МК Тикетс и онлајн на следниот линк: https://mktickets.mk/event/potochinja-2026/






