петок, 26 декември 2025

Портрет на Зафир Хаџиманов во македонкиот КИЦ во Белград

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград денеска организира музичка вечер посветена на Зафир Хаџиманов.

Објавено на

часот

Сподели

Настанот ќе го отвори директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров, со краток осврт за културата на сеќавање кон големиот бард на културата Зафир Хаџиманов, за огромното културно наследство кое го остави како на македонската, така и на српската култура.

„Јас сонувам, јас творам, јас водам љубов на двата јазика”, знаеше често да каже Зафир, во неговите интервјуа за српските и македонските медиуми.

Вечерта посветена на Зафир Хаџиманов, ќе почне со неколку одбрани музички инсерти и грст фотографии, меѓу кои неколку и за првпат јавно презентирани, а ќе продолжи со интимен концерт со неговите најблиски, Бисера Велетанлиќ и Васил Хаџиманов.

Потретот на Зафир Хаџиманов е инициран и организиран од македонскиот КИЦ во Белград и поддржан од Министерството за култура и туризам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ