Како што соопшти претседателскиот кабинет, членовите на неговото семејство изразиле загриженост за состојбата во којашто се наоѓаат делата на великанот Чемерски и ја потенцирале потребата од нивна реставрација и презервација, по примерот на успешно обновениот Споменик на слободата во Кочани.
„Претседателката сподели искрена желба да придонесе во заштитата на делата на Чемерски, укажувајќи дека некои од нив ја красат свечената сала и претседателскиот кабинет. Таа го поддржува проектот „Топла земја: Монументалното творештво на Глигор Чемерски“, којшто цели темелно да го истражи, документира и претстави неговото творештво, со фокус на мозаиците, фреските и големите композиции што го обликуваат македонскиот визуелен идентитет“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателката.






