вторник, 9 декември 2025

Подарок од „Матица македонска“ за сите македонски граѓани по повод Илинден  

По повод големиот празник Илинден, првата приватна издавачка куќа во самостојна Македонија, „Матица македонска“, со подарок за сите македонски граѓани. Од денес до крајот на август, сите изданија на „Матица македонска“ посветени на македонската историја, археологија, јазик, книжевност, уметност, архитектура и воопшто на македонската култура, односно сите изданија посветени на македонскиот национален идентитет, за читателите се и ќе бидат достапни по половина цена. Сите клучни книги за Македонија ќе може да се дел од библиотеките во секој македонски дом, за сегашните и за идните генерации.

Објавено на

часот

Сподели

„На овој свет ден, Илинден, во пресрет на 35-годишнината од нашето формирање, тимот на ‘Матица македонска’ се обврзува – ќе продолжиме да ја остваруваме својата мисија, целосно да се себевложуваме во чувањето и афирмирањето на македонскиот национален идентитет. Да го афирмираме македонското слово дома и пред светот, да ги поддржуваме македонските автори, да објавуваме книги што ќе потврдуваат кои сме и што сакаме да бидеме, и ќе истраеме во решеноста македонска книга да има во секој македонски дом, за сите генерации“, стои во честитката и пораката што „Матица македонска“ по повод Илинден ја упати до граѓаните, до читателите и до авторите.

Со порака: „Нека ни е вечен македонскиот збор! Нека ни е вечна македонската книга! Нека ни е вечна Македонија!“

 Покрај тоа што во книжарницата на „Матица македонска“ во Скопје и за нарачки преку веб-страницата, сите досега објавени изданија посветени на Македонија, до крајот на август ќе бидат достапни со 50 проценти попуст, во текот на следните неколку недели, „Матица македонска“ ќе објави и уште неколку нови, клучни книги за македонскиот национален идентитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ