недела, 11 јануари 2026
Жална вест

Почина снимателот Александар Мижимаков

На 48 години во Скопје ненадејно почина Александар Мижимаков. Во Македонската радио-телевизија работеше од 2010 година и тука го помина целиот работен век, како снимател, камерман и фотограф.

Објавено на

часот

Сподели

Студираше камера во Софија (Бугарија) и целото искуство и знаење го покажа во македонскиот етер. Александар е син на Лина и Панта Мижимаков – првиот македонски продуцент кој му ја пренесе љубовта кон камерата. Работеше на документарни и културни емисии, филмови, македонски народни приказни, информативна програма, спортски настани, а беше и долгогодишен снимател во утринската емисија.
Беше посветен татко и сопруг.
Ќе го паметиме по неговата насмевка и енергијата која ја имаше во себе. Изгубивме голем професионалец, човек што ја сакаше својата работа, а пред сѐ вистински пријател. Нека почива во мир и спокој, се вели во соопштението на Синдикатот на новинари и медиумски работници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ