вторник, 20 јануари 2026

Почина Сенка Велетанлиќ

„Утрово нѐ напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ по тешка болест. Си замина тивко, достоинствено, во сон, како дама — токму како што и ѝ прилега. Те сакам, мамо. Ти благодарам, мамо“, напиша Васил Хаџиманов на Инстаграм.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Пејачката и глумица Сенка Велетанлиќ почина на 90-годишна возраст.

Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот син, Васил Хаџиманов, на социјалните мрежи.

„Утрово нè напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ по тешка болест. Си замина тивко, достоинствено, во сон, како дама — токму како што и ѝ прилега. Те сакам, мамо. Ти благодарам, мамо“, наведе Васил Хаџиманов во објавата.

Родена е на 27 мај 1936 година во Загреб како Сенија, каде што дипломирала на Економскиот факултет, пишува во архивата на НИН.

Имала три години кога почнала да пее на радио, а за време на студиите пеела во познати загрепски хорови, каде што ја научила тајната на пејачкиот занает и набргу станала солистка.

Ја обиколила цела Европа, ги направила првите снимки, а самостојно, како интерпретаторка на забавна музика, настапила на некогаш прочуениот фестивал во Опатија. Сметала дека сериозно почнала да се занимава со пеење дури кога дошла во Белград. Всушност, нејзината пејачка кариера почна во 1960 година, како што самата велеше, „како интерпретатор на убави песни“.

Заедно со сопругот Зафир Хаџиманов сними многу успешни телевизиски шоу-програми, емисии со мјузикли и шансони, а нивниот солистички концерт во Ателје 212 го означи отворањето на сцената во подрум.

Особено впечатливи се нивните заеднички рецитали „Пас пјевачица“ (изработен според истоимената книга на Зафир), како и „Шансоне на папиру“, кои ги изведоа во рамки на едно „Белградско пролече“. Како сестрана уметничка личност, Сенка Велетанлиќ се занимаваше и со глума.

Во 1972 година, со сестра ѝ Бисера ја испеа песната „Ми знамо све“. Сестрите Велетанлиќ останаа во сеќавањето како легенди на домашните шлагери. Нешто подоцна, секоја од нив си го најде својот пат, пишува Н1.

Покрај тоа што на домашните фестивали редовно ги добиваше највисоките оценки од стручните жирија и со тоа етикетата на неконвенционален, некомерцијален уметник, Сенка му остана верна на музичкиот стил што самата го изгради со појавата, однесувањето и ставот — пееше пред 20.000 луѓе на Куба, имаше своја публика во Советскиот Сојуз, глумеше во филмовите „Осамнување“ (Svanuće) на Никола Танхофер и Три на Александар Петровиќ — и дочека својот прв ЛП да го објави дури по две децении присуство на естрадата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ