недела, 14 декември 2025
Жална вест

Почина оперската пејачка Милка Ефтимова

Почина познатата македонска оперска пејачка Милка Ефтимова. Како доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот, таа во својата долготрајна, богата и плодна кариера, отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и концертната сцена, во дваесетина земји низ светот.

Објавено на

часот

Сподели

Во своето простување од Ефтимова, од Национална опера и балет напишаа дека таа со извонредна музикалност и изразито чувство за артизам, ги креираше улогите на Орфеј во „Орфеј и Евридика”, Ацучена во „Трубадур”, Еболи во „Дон Карлос”, Сузуки во „Мадам Батерфлај”, Марфа во „Хованшчина”, Улрика во „Бал под маски” и многу други, а најголем печат остави во насловната улога на „Кармен”. Од оперската сцена јубилејно се прости токму со Кармен на 6 ноември 1991 година.

Милка Ефтимова беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, наставник на Музичко-балетскиот училиштен центар во Скопје и Средното музичко училиште во Штип. Во нејзината богата оперска кариера одликувана е со наградите: „11 Октомври“, „Св.Климент Охридски“, „Мајка Тереза“, како и Орден за заслуги на Република Северна Македонија.

Нејзинито тело ќе биде изложено в сабота, на 16 август, во 10 часот во капелата во Радовиш, а погребот ќе се изврши во 11 часот на гробиштата во Радовиш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ