Поп Христов е роден во Скопје во 1967 година и дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Во текот на кариерата беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, каде настапуваше во бројни претстави.
Во 2014 година се пресели во Еквадор, каде што го помина поголемиот дел од последните години од животот, иако повремено престојуваше во Скопје.
Публиката ќе го памети по улогите во филмовите „Тетовирање“, „Бал-кан-кан“ и „Панкот не е мртов“, како и по бројни настапи на театарската сцена и на телевизија.
Веста за неговата смрт предизвика реакции и тага кај јавноста, колегите и љубителите на театарот и филмот, кои го паметат како харизматичен и талентиран уметник.






