Легендарната југословенска и хрватска пејачка Габи Новак почина на 90-годишна возраст, објави „Јутарњи лист“.
Габи Новак почина во понеделник наутро, откако се борела со пневмонија во последните неколку недели. Откако се оздравела, по враќањето во домот за стари лица, таа починала, пишува Јутарњи.
„Таа замина тивко, а со нејзиното заминување како музиката да престана“, велат нејзините пријатели.
Габи Новак беше југословенска и хрватска пејачка на популарна музика од хрватско-германско потекло. Родена е во 1936 година во Берлин.
Само пред два месеци почина синот на Габи Новак и Арсен Дедиќ, Матија Дедиќ.






