сабота, 20 декември 2025
Жална вест

Почина Драган Б. Костиќ

Денеска по кратко боледување, на 75-годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Својата кариера ја започнал во Македонското радио во 70-тите години и стана препознатлив како водител на емисиите „Радио урнебес“, „Диско селектор“ и „Заборави ако можеш“, а подоцна и на „Кавервил“, „Чартфајл“ и „Б.“. Тој го реализираше и проектот „Сто приказни за сто песни“, чија приказна никогаш не беше целосно раскажана, затоа што оние што требаше најмногу да ја слушнат, останаа намерно „глувонеми“ или едноставно не беа свесни за значењето на истиот.

Драган Б. Костиќ остана еден од најголемите познавачи на светската музика, историјата на бендовите и пејачите, нивните песни и светските топ листи. Тој беше сопственик на една од најголемите колекции плочи во Македонија и целиот свој живот го посвети на музиката и радиото. На крајот од 2024-та година го одржа својот „Последен танц“ – прошталниот ДЈ-ски настап по половина век естрадна кариера.

Годинава Костиќ беше гостин на поткастот со Антонио Димитриевски, каде ја раскажа својата најважна приказна, споделувајќи со радиослушателите, читателите и публиката на клубските подиуми што сè доживеал и создавал. Дури и по пензионирањето, тој продолжи да ја негувa својата љубов кон музиката и радиото, оставајќи неизбришлив белег врз македонската медиумска сцена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ