сабота, 12 јули 2025

„Пиреj” на Петре М. Андреевски е номиниран за Литературната премиjа „Јаснаја Полјана“

Ко-основачите на Меѓународната Толстоева книжевна награда „Јаснаја Полјана“ – Музеј „ЛавТолстој” и Самсунг електроникс – jа објавија кратката листа во номинацијата пропуштени ремек-дела.

Објавено на

часот

Сподели

Годинава жирито за наградата кое се состои од познати руски писатели, литературни критичари и јавни личности на чело со Владимир Толстој, правнукот на Лав Толстој, се реши за потесен избор од осум наслови од автори од Албанија, Британија, Македонија, Колумбија, САД и Чиле:

  1. Петре М. Андреевски. Пиреј. Превод: Олга Панкина
  2. Антонија Сјузен Бајет. Девојка во градината
  3. Џон Барт. Трговец со отров.
  4. Роберто Болано. 2666.
  5. Габриел Гарсија Маркес. Ќе се видиме во август.
  6. Исмаил Кадаре. Генерал на мртвата армија.
  7. Хилари Мантел. Срце на бура.
  8. Сју Таунсенд. Жената што легна во кревет за една година

Името на лауреатот ќе биде објавено во октомври на свечената церемонија на доделувањето на наградата „Јаснаја Полјана“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ