недела, 7 декември 2025

„Пијанофорте“ во Истанбул

Македонскиот културен центар во Истанбул, во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија и Музичкото училиште „Пијанофорте“ од Скопје, најавува дека вечерва камерно-музичкиот рецитал под наслов „Пијанофорте –
заедно за младите“ ќе одржи концерт во „Сурп Левон“ – Ерменската католичка катедрала во Истанбул.

Објавено на

часот

Сподели

По исклучително успешната концертна сезона, и дома и на меѓународната сцена,
музичарите од Пиајнофорте го збогатија репертоарот со свежи и внимателно одбрани дела за две виолини и пијано, како и за пијано четири раце – камерни формации кои, иако едноставни по својата структура, носат богатство од емоции, звук и
интерпретативна длабочина, што ќе им овозможи и на истанбулските љубители на
музиката да уживаат во една навистина суптилна и возвишена музичка вечер.
Ансамблите од „Пијанофорте“ се составени од професионални музичари кои
годинава ги посветуваат своите концерти на сребрениот јубилеј – 25 години од
постоењето на Музичкото училиште PIANO FORTE. Во таа чест, репертоарот
вклучува композитори чие творештво одбележуваат важни годишнини
токму во 2025 година.
Публиката во Истанбул ќе има можност да ужива во настапите на македонските
музичари Виолета Стефановска – Шуковиќ, Иван Трајковски, Марина Чадо и Тереза
Крцоска, кои ќе изведат програма со дела од Ерик Сати, Клод Дебиси, Георг Фридрих
Хендл, Шарл Огист де Берио, Сергеј Рахманинов, Франсис Пуленк, Бете Илин и
Димитриј Шостакович.
Камерниот рецитал се реализира како дел од мисијата за поддршка на младите
музички таленти, како и унапредување на културната соработка меѓу Македонија и
Турција. Настанот претставува значаен чекор во зајакнување на меѓукултурниот дијалог и во афирмација и презентација на македонската музичка уметност и
изведувачи пред турската јавност, соопшти македонскиот КИЦ во Истанбул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ