четврток, 19 февруари 2026

Павловски со порака до Мицкоски: Никој од вас досега не ги спомнува уметностите!

Некои работи добро си ги работиш. Дури и повеќе од добро. Денес Македонија е поврзана со меѓународниот капитал. За разлика од првите десет години кога немаше ниту банкарски рејтинг, а политичарите ги фалеа пирамидалните штедилници. Се сеќавате ли на масовните самоубиства во Пелагонија поради ТАТ, се вели во пораката на академикот Божин Павловки до македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Што бара капиталот во една Македонија? Па, да ја развива државата. Кој ја развива? Наконтените бирократи со  кравати и бели кошули? Јок, море. Работниците се тие што ја прават државата да биде весела или тажна. Не можеш нив да ги нахраниш со кошничка составена во кабинет. Затоа веднаш дај им го на работниците тоа што им припаѓа.
Своевремено постоеше една жена по име Елена Чаушеску која три децении ги хранеше Романците на научна база. Со кошничка. Ја стрелаа заедно со сопругот Николае Чаушеску.
И, второ, покрај сите фалби, твојата влада има фалинка. Никој од вас досега не ги спомнува уметностите. А да не беа тие сега нас светот ќе не поврзуваше само со гајдите, тапаните и шупелките. Но, тие се идентитет на многу народи. Од нас до народот Гуџарат во Индија.
Нашиот идентитет е потврден низ уметностите; книжевноста, сликарството, вајарството, музиката. Во тие области фативме чекор со другите. Затоа, дај прилика уметниците да ја креираат таа работа.
Секогаш кога политичарите ќе замешаат прсти, остануваме со покуси ракави. Нели така останавме без името во Обединетите Нации? Камо среќа оној копук Заев да не отидеше во прегратките на бугарскиот сон за Македонија. Денес ќе ни беше отворен патот за Европа“, вели Павловски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ