„Патувањето на парите“ – заедничка изложба на КИЦ Белград и турскиот институт „Јунус Емре“
Изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова, свечено ќе биде отворена денеска во 17:00 часот во Македонски културно-информативен центар во Белград. На свеченото отворање пригодни обраќања ќе имаат директорите на КИЦ Белград Васко Шутаров, директорот на турскиот институт во Белград Јунуз Емре, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл, како и на авторката на изложбата Даниела Николова.

Објавено на
часот





