На својот втор состанок, жири-комисијата за доделување на наградата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), како поетски книги кои се издвојуваат по својот квалитет ги селектираше следните 8 збирки: Мимоза Рајл – „Кој ги пали сите ѕвезди“, Емељ Туна–„Пу, пу не важи“, Анета Велкоска Ода – „Каде се пресоблекува непостојаниот збор“, Оливера Андоноска – „Ние сме Ева“, Владо Поповски – „Под некое друго небо“, Владо Јаневски – „Молкозбор“, Шифра: Живот во засек – „Женопојки, митопојки“ и Кирил Ангелов – „Твоја, Таговина“. Редоследот на номинираните е според нивното пристигнување на електронската адреса.
Во потесен избор за наградата „Антев часовник“, која се доделува со цел откривање и афирмација на нови млади талентирани поети кои творат на македонски јазик и е потстрек за нивното творештво, стручната комисија ги номинираше следните 5 збирки: Ива Шајноска – „Збирка“, Вероника Димоска – „Омеѓување“, Костадин Узунов – „Гравитација кон Индомина“, Софија Тодороска – „Првото утро на цутарот“ и Николина Савеска – „Патот кон себе“. И во овој случај, редоследот на номинираните е според нивното пристигнување на електронската адреса.
Жири комисијата наскоро ќе ги соопшти добитниците на наградите „Антево перо“, „Антев златник“ и „Антев часовник“, кои традиционално се доделуваат во чест на македонскиот поетски великан Анте Поповски.
Oсум стихозбирки во потесен избор за наградата „Антево перо“
Наградата „Антево перо“ се доделува како исклучително признание за необјавен поетски ракопис на македонски јазик, а ја доделува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски Антево перо, како организатор на мeѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

Објавено на
часот





