недела, 15 јуни 2025

Основана е фондацијата за култура Вечна, Македонците од Германија ќе стипендираат студенти

Стипендирање на историчари, културни работници и истражувачи, вчеравечер во Скопје најави новата Глобална македонска фондација Вечна. Основачи на фондацијата се тетовското семејство Крстески кое со децении живее и работи во Германија, а кое со група на истакнати Македонци тука и во светот, универзитетски професори, лекари, доктори на науки, ќе ја помагаат мисијата на фондацијата за промовирање на културата и науката.

Објавено на

часот

Сподели

Водени од намерата за унапредување и заштита на културното наследство, промовирање на историската вистина и усовршувањето на нови стручни кадри од областа на историјата, фондацијата формира три фондови преку кои ќе се финансираат магистранди и докторанди, како и различни културни иницијативи. Во пополнувањето на фондовите може да се приклучи секој заинтересиран, преку соодветна донација.

На промоцијата се обратија доц. д-р Бранислав Светозаревиќ, историчар, проф. д-р Љубомир Кекеновски, професор од Економскиот факултет на УКИМ, д-р Мимоза Рајл, професорка и советничка на претседателот на Владата, основачот Ацо Крстески, претседателот Мирчо Крстески и извршниот директор м-р Марко Видачек.

„Оваа фондација во својот назив го носи и македонското и глобалното, затоа што културата нема граници, а македонското е онаму каде што се неговите говорници, но и неговите спомени и сеќавања. Фондацијата ја основаме под слоганот „Корени и иднина“, со намера да го зачуваме и афирмираме исконското помеѓу нас, традицијата, културата, јазикот, идентитет. За да го заштитиме нашето наследство, мора да инвестираме во иднината, беше порачано на промоцијата“, рекоа основачите.

Фондацијата за остварувањето на својата благородна идеја за поддршка на младите истражувачи и културните работници, но и воопшто за намерата за унапредено културно наследство, отвори неколку  фондови за донирање.

„Првиот фонд се однесува на поддршка на визијата на нашата фондација. Вашата донација помага да се одржи Фондацијата и нејзините долгорочни иницијативи. Со вашата поддршка, можеме да продолжиме да го промовираме македонското наследство, да финансираме клучни проекти и да го прошириме нашето глобално влијание. Вториот фонд е фонд за млади истражувачи од повеќе области, каде целта е поставена на 15.000 евра. Третиот фонд пак, е истражувачки фонд за историски истражувања. На веб-страницата на фондацијата лесно достапни се начините за донирање“, беше порачано на промоцијата.

Во програмскиот совет на фондацијата членуваат проф. д-р Сања Лазарова Молнар (Германија), д-р Владимир Попоски (Шпанија), д-р Предраг Николовски (Италија) и проф. д-р Ленина Жила и проф. Перо Сарџоски,  како резидентни членови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ