петок, 6 март 2026

Операта „Тоска“ вечер во МОБ, Валентина Бои во насловната улога

На сцената на Македонската опера и балет вечер од 19:30 часот ќе биде изведена операта во три чина „Тоска“ од Џакомо Пучини, во режија на Огњан Драганов од Бугарија.  Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги, сценографијата е на Зоран Николовски,  костимографијата на Марија Пупучевска. Од МОБ информираат дека по повод 8 Март, билетите ќе се продаваат со 50 отсто попуст.

Објавено на

часот

Сподели

Во насловната улога Флорија Тоска ќе настапи Валентина Бои од Италија во улогата на Каварадоси, Миша Шешаберидзе од Грузија, а во улогата на Скарпија, Леон Ким од Јужна Кореја.

Во другите улоги ќе настапат Игор Дурловски, Драган Ампов, Марјан Николовски, Кристијан Антовски, Никола Чедомировски, Десанка Глигоријевиќ, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

MОБ за „Тоска“ наведува дека е брилијантно оркестриран оперски трилер, во кој движечки драмски елементи се  љубовта, страста, љубомората и политичките интриги.

„’Tоска’ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата ‘Тоска’ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта е одржана на 14 јануари 1900 во Рим. Повеќе од еден век подоцна оваа опера останува еден од најизведуваните и највпечатливи наслови на светските сцени – дело во кое интимната човечка драма се издигнува до трагедија со универзална сила и актуелност#, соопшти Македонската опера и балет.

„Постојат подароци што се забораваат. И постојат искуства кои се паметат целиот живот. Ова е совршена прилика за подарок за жените кои ги почитувате, културна вечер со вашите пријателки, романтична ноќ во Македонската опера и балет“, велат од МОБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ