„Партнерството со фестивалот ‘Охридско лето’ претставува дел од стратешката определба на А1 Македонија да ги антиципира и да одговори на потребите на публиката, овојпат насочени кон овозможување богати културни содржини. Исто како и преку технолошките решенија што ги обезбедуваме, така и преку ова партнерство не само што сакаме да придонесеме кон збогатување на фестивалското доживување, туку и за приближување на културата до сите. Со гордост сме дел од настан што ја слави уметноста и ја промовира културата во меѓународни рамки”, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.
„Овој фестивал не е само културен настан, туку живо сведоштво за нашата богата традиција и креативна енергија. Поддршката од А1 Македонија овозможува оваа приказна да добие нови димензии, со современ пристап и иновативен дух кој го обединува минатото и иднината,“ изјави Ѓорѓи Цуцковски, директор на фестивалот „Охридско лето“.
Покрај својата улога како генерален спонзор, А1 Македонија активно учествува во фестивалската атмосфера во текот на целото лето со низа креативни и интерактивни содржини што публиката може да ги следи на А1 профилите на социјалните мрежи.
Во текот на наредните четириесет дена, „Охридско лето“ ќе понуди повеќе од 40 уметнички настани, вклучувајќи концерти, театарски претстави, визуелни уметности и крос-жанровски формати. Програмата ќе се реализира на неколку локации низ Охрид, а фестивалот ќе биде домаќин на врвни уметници од светот.