Секоја од приказните се одвива во денешно време и во различна земја – Италија, Франција и САД, задржувајќи го препознатливиот минималистички, духовит и меланхоличен стил на Џармуш. Филмот се истакнува и со исклучителна актерска екипа предводена од Адам Драјвер, Кејт Бланшет, Шарлот Ремплинг и Том Вејтс.
„Татко Мајка Сестра Брат“ во кината во Скопје почнува да се прикажува од утре.






