На оваа неовообичаена промоција, ќе зборува проф. д-р Дејан Донев, а љубителите на книгата ќе уживаат и во свежите музички креации на „captatio benevolentiae” со „Второ колено” – Дејан Петровиќ (Чапс) вокал и гитара и Пеце Трајковски (Брада) на перкусии и хармоника.
Авторот ги поканува, како што вели љубителите на философија, есеистика, личности и маски, на спонтано дружење „после горештините“ да ја претстави својата непретенциозна книга и да уживаат заедно во убавата мисла.

Влатко Деловски е роден во Битола, а потекнува од моштенскиот ареал на Пелагонија. Од Градежен факултет заминал да студира на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ каде дипломирал, подоцна магистрира на Институтот за македонска литература во Скопје на тема: „Културолошки параметри во првата канонизација на светители за МПЦ-ОА“. Во моментов е на докторски студии на ИМЛ при УКИМ. Директор е на НУМ Смилевски конгрес – Смилево. Но, работи и како консултант – надворешен научен соработник при Бигорскиот манастир „Св.Јован Крстител“.






