понеделник, 16 март 2026

Објавено третото издание на стихозбирката „Македонствување“ од поетесата Десанка Николова

Излезе од печат третото издание на стихозбирката „Македонствување“ од поетесата Десанка Николова од Велес со тираж од 1500 примероци, во издание на издавачката куќа „Збор“. Авторката оваа издание го посветува на жртвите од кочанската трагедија, како и на сите „паднати ангели“ кои според авторката „остануваат жива рана во современиот македонски крвопис“.

Објавено на

часот

Сподели

Третото издание е дополнето со нови 20-тина песни од кои неколку, како што вели, напишани од нејзината и сета македонска болка за жртвите од трагедијата во Кочани.

Во изјавата за МИА, потенцира дека со овој чин, поезијата добива и силна меморијална димензија – сведоштво за болката, но и за потребата таа да се претвори во збор, паметење и духовна отпорност.

Според неа, новото издание претставува најмоќна и најемотивна верзија на стихозбирката досега.

„Стихозбирката е дело во кое се испреплетуваат темите на идентитетот, припадноста, љубовта кон татковината и човечката судбина, а во новото издание тие добиваат уште подлабока емоционална и општествена резонанца“, потенцира Николова.

Излегувањето на третото издание се совпадна со значаен јубилеј во творечкиот пат на авторката, 30 години од објавувањето на нејзината прва стихозбирки „Детски свет-шарен цвет“, на 16 март 1996 година.

Инаку стихозбирката „Македонствување“ се бара, се чита и ја имаат Македонците иселеници во дијаспората во: САД, Канада, Австралија, Европа и други земји и континенти, каде и да ги има. Стиховите од стихозбирката „Македонствување“ ги читаат иселениците на разни манифестации на сите позначајни македонски празници, посебно за Илинден, а се читаат и на значајни прослави во училиштата во земјава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ