Конкурсот за македонски автори трае од 5 до 15 ноември 2025, а може да учествуваат автори од Република Северна Македонија и од останатите балкански земји што пишуваат на македонски јазик. Ракописите не треба да бидат подолги од 64 страници или четири табаци, а се бара да бидат доставени под шифра во два маила во електронска форма потпишани со шифра, а со посебен маил да дадат и одговор на шифрата на адреса [email protected]. На наградениот автор за награда ќе му биде објавена книга со неговиот награден ракопис и ќе му биде дадено признание.
Инаку, Меѓународниот фестивал на поезија „Ацо Караманов 2025“, кој редовно финансиски е поддржан од Министерството за култура и Општина Радовиш, има долга поетска традиција, имајќи предвид дека првото издание на Фестивалот било во 1967 година.
Организирано е во чест на младиот македонски поет Ацо Караманов кој загина за време на Втората Светска војна кога имал само 17 години. Караманов е симболист и експресионист и неговата поезија ги одразува тешките времиња што ги живееше како млад човек и како партизан. По неговата смрт биле објавени повеќе од 280 песни, а тој е автор и неколку кратки раскази, незавршен роман и дневници во кои ги чувал своите најинтимни мисли и рефлексии од секојдневието.
Селектори за интернационалната награда „Ацо Караманов 2025“ се истакнатите македoнски поети со светско реноме Борче Панов и Даниела Андоновска Трајковска.






