
„Како и во сите негови дела, Ѓорѓијоски и во ова дело нуди разноврсност која секогаш нуди можности за избор. ‘Сатирична ризница‘ претставува избор од прекрасното ткаење на зборот и мислата, најдоброто од целокупното долгогодишно творење на авторот. Изборот е направен од сите негови книги афоризми“, истакна за ова дело поетесата Христина Делоска.
Како што додаде рецензентот на книгата Долински, изборот од досегашното богато сатирично творештво на Ѓорѓијоски е читателски празник за сите најпробирливи љубители на овој најкус и најблагороден книжевен жанр.
„Веруваме, и во иднина ќе имаат уште многу пријатни нови средби и уживања во идните дела што нестрпливо и со задоволство ќе ги очекуваме од книжевната ‘филигранска работилница‘ на нашиот најистакнат мајстор на убавиот сатиричен збор“, додава Долински.
Со издавањето на книгата авторот го одбележа неговиот 65-ти роденден.






