понеделник, 8 декември 2025

Објавен конкурсот за 8-то издание на „Филмај“

Oд 1 декември е отворен конкурсот за осмото издание на „Филмај“ фестивал на кратoк филм, организиран од фотокино клубот “Козјак” – Куманово. Конкурсот ќе биде отворен до 8 март 2026 година.

Објавено на

часот

Сподели

Преку платформите  FilmFreeway и festhome може да се пријавуваат кратки играни филмови во траење до 20 минути и завршени по 1 јануари 2024 година.

Од фестивалот информираат дека може да се конкурира за наградата „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, наградата „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија, наградата „Koзјак” за најдобрo сценарио и наградата „Филмај” за најдобар краток филм.

Македонските (домашни) филмови кои конкурираат за наградата за најдобар македонски филм, истовремено влегуваат и во меѓународната конкуренција за горенаведените награди.

Подетални информации, заинтересираните можат да најдат на Фејсбук-страницата, каде што редовно ќе бидат објавувани тековните новости и информации во врска со придружните настани и главните вечери на фестивалот ФИЛМАЈ 2026.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ