четврток, 19 март 2026

Објавен конкурс за фестивалот „Бисер на Јадранот” 2026 – може да учествуваат и пејачи и автори од Македонија

Конкурсот е отворен до 24 мај 2026 година, а авторите и изведувачите треба да испратат демо-верзија (мп3-формат) од својата песна, при што композициите мора да бидат целосно нови, односно – претходно да не биле изведувани или објавени.

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2026“ официјално го отвори конкурсот за нови авторски композиции во категориите поп, забавна и медитеранска музика, нудејќи можност за нови хитови и голема сцена за изведувачите од целиот регион.

„Интересот за фестивалот секоја година расте, а годинава натпреварувачката вечер на 18. јули ќе обедини 24 изведувачи од земјите од поранешна Југославија – Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Македонија и Словенија. Најавуваме и директен телевизиски пренос, како и силна медиумска поддршка пред, за време и по фестивалот. За најдобрите песни се предвидени и вредни награди и фестивалски признанија. Конкурсот е отворен до 24 мај 2026 година, а авторите и изведувачите треба да испратат демо-верзија (мп3-формат) од својата песна, при што композициите мора да бидат целосно нови, односно – претходно да не биле изведувани или објавени. Селекционата комисија ќе ги извести сите пријавени автори дали нивната песна е прифатена најдоцна до 10 јуни. Потоа, избраните композиции ќе треба да ја достават крајната, аранжирана верзија на песната во ‘мастер-вав’ (master wav) формат најдоцна до 1 јули“, информираат организаторите.

Право на учество имаат сите автори и изведувачи од регионот постари од 18 години, а дозволени се и дуетски песни, вклучително и соработка меѓу уметници од различни земји. За пријавување, пред сѐ треба да се испрати демо-снимка, името на изведувачот, називот на композицијата и имињата на авторите. Се испраќаат на мејл-адресата: [email protected]

Доколку песната биде избрана, авторот потоа ќе достави и биографија, две професионални фотографии, како и писмена потврда за авторството на музиката, текстот и аранжманот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ