На сцената настапија виртуозниот пијанист од Италија, Франческо Барбаџелата, и моќниот шпански тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, воодушевувајќи ја публиката со нивната импресивна изведба и извонредна музикалност.

Програмата, исполнета со внимателно одбрани арии и канцони, создаде топла и свечена атмосфера, а уметниците беа наградени со долги аплаузи.
-Безвремените La Donna è mobile, Lunge da lei , Pourquoi me reveiller, Nessun dorma, Granada,Mamma и O sole mio беа само дел од репертоарот, а извонредниот тенор во знак на благодарност кон организаторот „Охридско лето“ и кон публиката што ја исполни големата сала во Центарот за култура, изведе и една латино-американска композиција, покажувајќи ги и своите вештини на гитара. Концертот уште еднаш ја потврди мисијата на „Охридско лето“ – да нуди квалитетна културна програма и надвор од летната фестивалска сезона, приближувајќи ја врвната уметност до публиката, се вели во соопштението од НУ Охридско лето.
Со овој концерт НУ „Охридско лето“ успешно ја заокружува 2025 година во која одбележа јубилејни 65 години од своето постоење. Со програмата што се одвиваше во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, и со концертите организирани во останатиот дел од годинава што е на истек, оваа национална установа потврди дека е симбол на културната зрелост , но и најголемиот културен амбасадор на нашата земја.






