сабота, 7 февруари 2026

Нови бајки за деца од животот на светските композитори – промоција на книга и претстава за деца „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова

Вечерва (7 февруари), во рамките на фестивалот „Денови на литературата“ на Арс Ламина, во книжарницата на Литература во Дајмонд мол со почеток во 18:00 часот, ќе биде промовирана  книгата за деца „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова. Илустрациите се дело на Рената Јосифовска.

Објавено на

часот

Сподели

Книгата е инспирирана од животот и творештвото на големиот композитор Лудвиг ван Бетовен и е првата од петте книги за деца во серијалот „Музичка кутија“, инспирирани и од Моцарт, Бах, Верди и Чајковски.

Промоцијата ќе ја води уредничката Бисера Бендевска, во форма на краток дијалог со авторката. По промоцијата, ќе се одржи минипретстава за деца, во која ќе учествуваат авторката и диригентката Дијана Имери Илкоска, задолжена за интерпретација на музиката на Бетовен за пијано.

„Златната книга на Лудви“, како и сите книги од серијалот, не го обработува животот на композиторите, туку создава нови бајки за деца. Главниот лик, малиот Лудви, е дете кое сака книги и свири на пијано, но минува низ низа неочекувани случувања. Приказната е топла, разиграна и полна со емоции, вистинско доживување за деца и возрасни.

Издавач на книгата и на целиот сет „Музичка кутија“ е „Либи“ (дел од „Арс Ламина публикации“).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ