Покрај дела од уметноста, галерија Матица располага и со голема понуда на монографии од областа на уметноста, историјата на уметност, археологијата, како и наслови од современата македонска и светска книжевност.

Во изложбениот салон на галеријата Матица во Скопје утре ќе се отвори нова ликовна продажна изложба на значајни македонски творци од различни генерации. Ќе бидат изложени дела на Боро Митриќески, Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Петар Хаџи-Бошков, Газанфер Бајрам, Илија Аџиевски, Вангел Наумовски, Ордан Петлевски, Симон Шемов, Павле Кузманоски, Димитар Малиданов, Сергеј Андреевски, Тања Балач, Решат Амети, Ниче Василев, Касиопеја Наумовска и многу други.

часот