Монографиите се во издание на Центарот за истражување на предисторијата, на чија веб-страница тие ќе можат слободно да се преземат по промоцијата.
„Со називот „луристански стандарди” се означува една мошне голема и загадочна група бронзени предмети (со очевиден симболички т.е. култен карактер) кои потекнуваат од доцното бронзено и од железното време. Пронајдени се во областа Луристан во западниот дел на денешен Иран од каде, во минатиот век, ќе доспеат во речиси сите позначајни светски музеи и приватни колекции“, информира Центарот за истражување на предисторијата.