На прашањето зошто ТЕГЕТ, Никола Коџабашија вели:
“По созрцанието на АЛШАР-ансамбл од 80-тите и 90-тите години, фурешкум, произлезе потреба за нов еклектичен музички вознеж. Тој се манифестира апансас како нова ТЕГЕТ – варијациа на Белите мугри.”
Музичарите собрани во ТЕГЕТ, веруваат дека овој настан ќе ја збогати националната музичко-културна архива, и ќе даде свој придонес за македонската музичка и културна сцена, воопшто.

„За рамнодушност нема место. Примамливо зa секого, а особено за музички едуцираната публика, овој приказ на креативноста, интуитивноста, амбицијата, упорноста и желбата за креација, за создавање нешто ново, носи надеж дека ќе инспирира и мотивира многумина понатаму.
Да нурнеме заедно во светот на ТЕГЕТ, да ја исполниме оваа вечер со музика, емоција, енергија и да создадеме незаборавно доживување во вторник на 09.09.2025 во Кино Фросина (МКЦ), со почеток во 21.00 часот. Не пропуштајте !“, порачуваат од оваа „апансас“ собрана музичка екипа.
Билетите се во продажба на www.mktikets.mk по цена од 500 МКД.






