понеделник, 8 декември 2025

„Нека трепка“ – 4 концерти во декември на Сара Мејс и Гирлз и Божиќниот оркестар

Последниот месец од годината е секогаш исполнет со желби, еуфорија и споделени моменти кои сплотуваат. Овој декември, празничната сезона и музичката сцена ќе трепкаат од новогодишни звуци.

Објавено на

часот

Сподели

Една од најпрепознатливите македонски уметници, Сара Мејс, заедно со својот вокален квартет, познат во јавноста како Sarah Mace & The Girlzz, во декември ќе ѝ ја донесат на публиката својата новогодишна магија, преку серија од четири концерти во Македонија.

Магичното музичко патување започнува на 21 декември во Битола како дел од манифестацијата „Зимска приказна“, продолжува на 28 декември во Штип во Домот на култура „Ацо Шопов“, на 29 декември следува големиот предновогодишен концерт во Македонската Филхармонија во Скопје, а завршува на 30 декември на плоштадот во Крива Паланка.

Девојките од квартетот Sarah Mace & The Girlzz, Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска – Кали и Теа Богатинова, на сцената ќе бидат придружувани од Божиќниот оркестар, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

Тие, во пресрет на концертите, неодамна ја објавија својата новата песна „Нека Трепка“. Видеото, снимено на локации во Маврово и Скопје, е веќе е достапно на YouTube, додека песната може да се слушне на сите дигитални платформи.

А токму кога ќе помислите дека патувањето не може да стане уште повеќе бајковито – пазете се! Магијата ќе се отвори уште еднаш, со мали и големи изненадувања што ќе се појават како од најскриен џеб на Дедо Мраз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ