На отворањето ќе се обратат амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и амбасадорот на Белгија во Софија, Пол Ламбер.
Влезот за оваа проекција е слободен.
Неделата на франкофонски филм ќе трае до 4 април во чии рамки ќе бидат прикажани „Кога доматите се сретнаа со Вагнер”, документарен филм на Маријана Економу, во организација на Амбасадата на Грција, „Тивок бунт”, на Мари-Елса Сгуалдо, во организација на Амбасадата на Швајцарија, „Приказната за Сулејман”, на Борис Лојкин, во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, „Родео”, на Жоел Дежарден Пакет, во организација на Амбасадата на Канада и „Приказна од минатото”, на Димитер Анагности, во организација на Амбасадата на Албанија.
На затворањето ќе биде прикажан филмот „Марија, кралицата на Романија”, во организација на Амбасадата на Романија.
Сите филмови се со превод на македонски јазик, а за дел од филмовите од нефранкофонско говорно подрачје обезбеден е и превод на француски јазик.
Влезници за проекциите се резервираат и подигнуваат во Кинотека.






