понеделник, 19 јануари 2026

Најдоброто од „Киненова“ од 21-24 јануари во Кинотека

Од 21 до 24 јануари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани избрани содржини од фестивалот „Киненова“, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики. Станува збор за филмови кои биле наградени на Киненова како: „Помеѓу боговите“ на Вук Ршумовиќ, „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе и многу други наслови.

Објавено на

часот

Сподели

Под мотото „Најдоброто од Киненова“ љубителите на филмската уметност ќе можат да погледнат филмови што со ангажиран и аналитичен пристап  отвораат културни и општествени прашања. Во ова зимско издание на „Киненова“ ќе може да се погледнат и филмовите „Таква каква што сум“ на Даг Јохан Хаугеруд, кој годинава беше гостин на Фестивалот и „Татко“ на Срдан Голубовиќ, кој беше член на жирито на годинешното јубилејно издание на МФФ Киненова.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ