Турнејата ќе започне во Будимпешта, во Елте аула магна хол, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во Ла фабрика, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Порџи и бес.
„Македонски сновиденија“ е фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, музичка приказна која Националниот џез оркестар ја носи на европските сцени, претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст.
Диригент е Владимир Николов.






