четврток, 22 јануари 2026

Националниот џез оркестар на 30 јануари ја отвора концертната сезона

На 30 јануари со почеток во 20 часот, во Македонската филхармонија, Националниот џез оркестар ќе ја отвори концертната сезона со концерт насловен National Jazz Orchestra with String Ensemble.

Објавено на

часот

Сподели

На концертот, Националниот џез оркестар ќе настапи заедно со гудачки ансамбл составен од музичари на Националната опера и балет. Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија.
Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени авторски композиции на
Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски,
Сашко Николовски и Георги Шарески. Како солисти ќе настапат Кирил Кузманов на
саксофон и флејта, како и Бојан Цветковиќ на пијано.
Како гостин на вечерта ќе настапи Георги Шарески — гитарист и композитор, чиј
израз и музички сензибилитет природно се впишуваат во звучниот карактер на оваа
концертна целина.
Со овој концерт, Националниот џез оркестар ја започнува новата концертна сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ