Настанот е во организација на европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ, а разговорот со авторката и преведувачот на книгата Бенјамин Лангер ќе го води германскиот новинар Ерик Мар.
Романот „Одбројување“ во издание на Или-Или е добитник на наградата Роман на годината за 2017 година и досега има три изданија.
Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 година. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност.
Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите: „Пишувајќи ги изгубените топки“, „Вишнова хроника“, „Одбројување“ (Роман на годината 2017), „На враќање“, „Сè уште можам нешто да сторам“ (Рациново признание 2024) и „Кривата Дијана“ (награда Пегаз 2025).






