сабота, 31 мај 2025

Златна лира 2023 – утре концерт на Коскарев и Мариновски

Во рамките на третата концертна вечер на фестивалот „Златна лира“, истакнатиот македонски трубач Љупчо Коскаров ќе настапи во дуо со пијанистот Дарко Мариновски, партнерство кое двајцата уметници го негуваат и развиваат повеќе години, нижејќи успешни настани на домашната и меѓународната концертна сцена.

Објавено на

часот

Сподели

Концертот е од авторски карактер, каде публиката ќе има уникатна можност да слушне оригинални композиции за труба и пијано на фоклорни теми, компонирани од Коскаров („Деспина“, „Дафино“, „Налеј, налеј“, „Чифлигот“, „Македонска свита“ и други). Влезот на концертот е слободен.

к
Љупчо Коскаров (Кавадарци, 1957) е исклучително надарен и зрел мајстор на трубата чиишто интерпретации се одликуваат со сугестивен и богат тон, музикалност, избалансирана агогика и динамичка нијансираност. Музичката критика, но и публиката го забележуваат Коскаров и како исклучителен камерен музичар, кој своите индивидуални солистички манири совршено ги вклопува со уметничките темпераменти на своите колеги. Коскаров студира на Музичката академија во Љубљана (класа на проф. А. Грчар) и на ФМУ во Скопје (класа на проф. С. Савев). Магистрира на Државната музичка академија во Софија, Бугарија (класа на проф. А. Македонски), а со титулата доктор на музички науки се стекнува во 2005 година, под менторство на А. Македонски.
Во неговата, речиси четири децениска уметничка дејност, Коскаров има реализирано голем број музички настапи и проекти во речиси сите музички жанри: класична, џез и поп музика, на меѓународната и домашната сцена: Англија, Франција, Германија, Србија, Хрватска, Бугарија. На домашниот фестивалски подиум, тој е редовен гостин на сите значајни фестивали: Охридско лето, Скопско лето, Златна лира, Денови на македонска музика. Во својата кариера реализирал бројни солистички концерти со Македонската филхармонија и оркестрите на територија на поранешна СФРЈ.
Од 2010 година работи како професор на ИУ Еуропа
прима во Скопје, каде во 2018 година е избран во звањето редовен професор, а во 2019 година е избран за декан на факултетот за музика при истиот универзитет, функција што ја извршува до денес.

м

Дарко Мариновски (Скопје, 1974) на полето на камерната музика е забележан како високо професионален изведувач, кој на исполнетите дела им вдахнува особена енергичност и индивидуалност, воздигнувајќи ја оваа форма до највисоките интерпретативни дострели. Мариновски дипломира на ФМУ во Скопје (класа на проф. Борис Романов), а магистерските студии ги завршува на истата институција под менторство на проф. Јасмина Чакар. Од 2013 година работи како професор по пијано и корепетиција во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Во јануари 2009 година е избран за Декан на Факултетот за применета музика на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ИУ Еуропа Прима, функција која ја извршува до 2017 година. Во 2016 година е избран во звањето редовен професор на ИУ Еуропа Прима. Во богатата концертна биографија на Дарко Мариновски се запишани бројни настапи и уметнички соработки со реномирани музички уметници, на концертни и фестивалски подиуми во Македонија и надвор од нејзините граници (Рим, Париз, Вашингтон).
Од септември 2013 година работи на Музичката академија при УГД Штип како пијано соработник на вокалната класа на проф. Борис Трајанов и во оперското студио при истата институција. Од септември 2015 година работи и на Филмската академија при УГД Штип каде ги предава предметите звук на филм и акустика со психоакустика, перцепција и анализа.
Дарко Мариновски е автор и на применета музика на неколку краткометражни филмови, на музиката за театарската претстава „Косара“ од Загорка По Антовска. Како член на квартетот „Коскаров“ го снима ЦД-то „The Best of Jazz and Blues“ со музика од светската џез литература (2011).
 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ