понеделник, 8 декември 2025

Второ издание на фестивалот за култура Коронијалс

Објавено на

часот

Сподели

Фестивалот ќе се отвори вечерва во Домот на култура „Кочо Рацин” во Скопје со ликовна изложба која ќе трае до крајот на настанот, а публиката ќе може да проследи и ноќ на класична музика и опера од учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”, книжевна емисија на Светла Јакшиќ и Пепи Стамков со гостинот Стефан Марковски, монодрамата „Ѕвездан” на Емануела, краткиот филм „Пикавец” на Георге Нешковиќ, подкаст воден од Светла Јакшиќ и Јана Ангелковска и игранка со експериментален музички состав од Кавадарци.

Фестивалот ќе биде заокружен во недела, со настанот „Ноќ на прозата и поезијата”, на кој ќе се претстават: Ненад Јолдески, Владимир Мартиновски, Лиле Стефановска, Исток Улчар, Горазд Кени, Софија Тодороска, Светла Јакшиќ, Пепи Стамков и Емануела.

Влезот е бесплатен, а настанот ќе се одвива согласно со сите пропишани мерки за справување со пандемијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ