„Портрон Портрон Лопез“ се трио од Франција. Нивната музика е жива материја, адреналински фикс од психоделичен рокенрол, афро карипска ритмика, ориентална трансичност и заразна енергија. Имаат заразна енергија, на секој концерт му влегуваат до даска, како да нема утре. „Ice Scream Soufi” е насловот на нивниот четврти албум, кој излегува во мај и ќе биде достапен на винил и цеде. Концерт во вистинско време: слободен, вртоглав, наелектризиран, радосен. Го нарекуваат рокенрол за трамполина. Измислен за скокање“, информираат организаторите за вечерашниот концерт.
Локална поддршка: Јоана Ристеска и Тодор Караколев со заеднички настап.
[video:https://youtu.be/eAhvpCPRc1U autoplay:0]






