Годинава, во предвечерието на големиот празник на големата сцена во Домот на културата „АСНОМ“ членовите на друштвото изведоа пригодна програма со избрани фолклорни кореографии на македонски ора и настапи на солисти.
Претседателот на друштвото, Предраг Ристески, пред концертот напомена дека овој настан станува традиција и е своевиден придонес кон одбележувањето на државотворниот празник, но настан и на радост на љубителите на фолклорната уметност.
Првиот Илинденски концерт, ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ го одржа во 2019 година.
Најстарото културно уметничко друштво во Гостивар годинава одбележа 75 години од формирањето.






