понеделник, 29 декември 2025

„Виртуози на хорна“ – концерт во Филхармонија

Во малата сала на Филхармонија вечер со почеток од 19 часот ќе се одржи концерт насловен „Виртуози на хорна“ на кој ќе настапат реномирани хорнисти од земјава и регионот.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај Благоја Василевски, ќе настапат Михајло Булајиќ (прва хорна во Лондонски Симфониски Оркестар и оркестар на РТВ Словенија), Никола Чириќ (прва хорна Белградска Филхармонија), Илир Кодима (прва хорна Косовска Филхармонија и Факултет за музичка уметност Тирана) и Милан Роксандиќ (театар Нови Сад).

На програмата ќе бидат изведени познати класични композиции како Унгарска рапсодија бр. 5 од Јоханес Брамс, Радецки Марш од Јохан Штраус, но и божиќни песни аранжирани за ансамбл хорни.

„Овој настан претставува значаен пример за меѓународна соработка и културна размена, носејќи врвна уметничка изведба и современ пристап кон камерната музика за хорни. Публиката ќе има можност да ужива во програма што ги истакнува богатството и можностите на овој инструмент, како и заедничката визија за развој на брас сцената во регионот“, велат од Скопскиот Брас Фестивал.

Влезот за концертот е слободен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ