Oд Младински културен центар – МКЦ информираат дека станува збор за третиот по ред т.н “Музички блок” од Европа.
Идејата зад овој настан е промоција на млади, нови и надоаѓачки бендови чија цел е да понудат свежа музичка програма која ги носи најновите модерни музички трендови за млади.
Целосната програма на “Музички блок” ротира околу понудата на артисти кои се совпааѓаат со целите на мрежата Лајвјуроп, првата паневропска иницијатива која ги подржува на напорите на концертните сали ширум Европа во промоцијата на нови надоаѓачки музички артисти.

Фото: МКЦ – Бендот ЛЕЛЕЕ






