недела, 1 јуни 2025

„Теута“ – фестивал на албанска староградска музика

Фестивалот на староградска музика на албански јазик „Теута“ почна вчера во Центарот за култура во Тетово „Иљо Антески-Смок“. Ова е 12-то издание на Фестивалот, музичка програма која е дел од годишната програма на Центарот за култура.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој фестивал е значајна платформа за промоција на културното наследство на албанската староградска музика и за прослава на културните вредности во Тетово. Во ова издание на фестивалот, директорот на Центарот за култура, Арљинд Хусеини, заедно со својот персонал, како и уметничкиот совет на фестивалот, се погрижија да учествуваат познатите национални ансамбли од Тирана и Приштина како и ансамблот од Елбасан, кои ќе донесат поинаков дух од другите времиња на старата граѓанска музика, вклучително и широк опсег на речиси целиот албански простор, каде што овој жанр на музика се негува и сочува со фанатизам. Покрај тоа, на својата славна сцена со страст и гордост ќе настапи и женскиот хор „Теута“, кој е домаќин на овој фестивал, претставувајќи го својот град достоинствено“, информираат од Центарот за култура.

На фестивалот настапуваат Националниот ансамбл на песни и игри – Република Албанија (Национален театар за опера, балет и фолклорен ансамбл), Национален ансамбл за песни и игри „Шота“, Република Косово, Ансамбл „Исуф Мизири“ од Елбасан и женскиот хор „Теута“ од Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ