Публиката имаше можност да ужива во богатата програма која ги прикажа кореографиите и музиката од различни региони на Македонија. Виртуозните изведби, автентичните носии и енергијата на сите врвни уметници ја воодушевија публиката, пренесувајќи ја магијата на македонскиот фолклор.
Следната дестинација на „Танец“ е во Крањ, Република Словенија, утре во Прешерново гледалишче Крањ, каде што се очекува уште еден спектакуларен концерт.






