петок, 30 мај 2025

Почина Далибор Ѓошиќ, пејач солист од првиот ред на Танец

По кусо и тешко боледување денеска на 41-годишна возраст почина Далибор Ѓошиќ, истакнат пејач од прв ред – солист на  Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“.

Објавено на

часот

Сподели

Со длабока тага ја примивме веста дека денеска, по кусо и тешко боледување, на 41-годишна возраст не напушти нашиот колега Далибор Ѓошиќ, кој ќе остане запаметен по неговите врвни вокални интерпретации со ансамблот „Танец“, насекаде низ светот, објави вечерва „Танец“ на Фејсбук.

May be a black-and-white image of 11 people, trumpet, clarinet, violin, saxophone and text

Далибор Ѓошиќ е роден во 1982 година и целиот својот животен и професионален пат го поминал во својот роден град. Музиката е негова љубов и определба уште од најрана возраст, а неговото музичко образование се протега од нижото и средното музичко училиште, сѐ до Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Во Националниот ансамбл „Танец“ се вработил во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни ансамблови состави, остварил 363 концертни настапи, дома и надвор.

За само четврт век, со „Танец“ настапил во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка. Според статистиката, има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители.

May be an image of 4 people, oboe, trumpet, violin, saxophone, clarinet and text

Незаборавни се неговите изведби на песните „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други. Покрај успешната кариера со ансамблот „Танец“, Далибор Ѓошиќ беше присутен и на фестивалската сцена. За време на својот краток, но плодотворен живот, остави голем број на безвременски интерпретации на изворни и новосоздадени песни во народен дух, кои трајно ќе останат во аналите на македонската народна музика. Ѓошиќ со право важеше за еден од најдобрите гласови во Македонија, се вели во објавата на „Танец“. 

Информациите за датумот и местото на погребот ќе бидат дополнително објавени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ