понеделник, 8 декември 2025

По пет години концерт на Меморија, овоjпат на стадион на 11 јуни

Објавено на

часот

Сподели

Останатите членови изразија убедување  дека Меморија ќе успее да наполни македонски стадион со македонска музика.

Градски парк е најсветлата точка во Скопје, рече вокалот Апостол Поце Икономов, а Ристо Самарџиев, исто така вокал, дополни: 

„Убеден сум дека сите и ние и публиката заслужуваме на 11 јуни да се случи силна енергија, концертот да биде забава, радост, дружба, заедништво.

„Дојдете, ќе биде супер, свирачки бендот е најдобар до сега”, порача бендот.

На концертoт, како што информираа организаторите, ќе може да се слушне и „Високи штикли и црни чорапи” изворно од „Конкорд”, а ќе настапи и групата „Ареа”. „Меморија” преку песна ќе му оддаде почит и на Аки Ракимовски. Најавија и други изненадувања кои што публиката ќе може да ги види и слушне на 11 јуни.

Билетите за концертот ќе бидат пуштени во продажба денеска по 18 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ