Бруно Лагнер вели дека веднаш, по веста за смртта на неговиот добар пријател Аки, се слушнал со тапанарот Гарабет Тавитијајн кој му рекол дека Аки планирал утре (за денеска се работи, н.з.) да патува за Скопје за да ја види својата мајка која е болна.
„Затоа Аки често патуваше за Скопје“, рече Лагнер,
Тој во изјава за „Глас Истре“ се присети на годините кога Аки служел војска во Љубљана, а бендот „Атомско склониште“” го снимал својот втор албум токму во главниот град на Словенија.
„Нашиот тапанар Саша Дадиќ секој ден одеше во касарната и го извлекуваше Аки. Се дружевме во студиото, како и по снимањата. Тој беше првиот кој ги слушна тогашните наши студиски снимки. Аки имаше големи планови со Парни ваљак и постојано велеше дека одвај чека да излезе од војска“, рече Бруно Лагнер,
Трј ја потсети јавноста дека Аки Рахимовски беше многу хуман човек и дека бил амбасадор на Дауновио центар во Пула.

„Не може да се каже колку всушност нашиот Аки беше голем човек и колку многу идеи и планови имаше тој. Едноставно, секогаш беше таму каде што требаше да се биде. Замина голем рокер“, рече фронтменот на Атомско склониште Бруно Лагнер.






